СДСМ: Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии

518

Анти НАТО Мицкоски, кој нема став за клучните прашања за државата, кој го брани криминалот на Груевски е срам за Македонија. Овој народ, граѓаните на Македонија, немаат кратко помнење, не можат да ги заборават црните 11 години кои тој, неговиот ментор Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ѝ ги нанесоа на земјава – соопштија од СДСМ одговарајќи му на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, по одржаниот протест денеска во Велес на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ соопштуваат: Додека граѓаните осиромашуваа заради криминалот на ВМРО-ДПМНЕ анти ЕУ Мицкоски од Груевски добил бизнис со хидроцентрали и земјиште, токму во време кога бил негов советник.

Додека Македонија економски тонеше, далеку од ЕУ и НАТО, Мицкоски бил прв човек на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ и директен соучесник на сите црнила.

Додека Мицкоски гордо се шета низ палатата на ВМРО-ДПМНЕ симболот на криминалот и црните пари  нема никаков кредибилитет и не е достоен за Гемиџиите ниту за Рацин – се вели во соопштението.

Како што се нагласува во соопштението, додека Македонија решава проблеми што неговата ВМРО-ДПМНЕ ги остави и забрзано чекори напред, црнило е да немаш став за најважните прашања, членството во НАТО и ЕУ. Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро. Залудни се обидите на конфузниот Мицкоски. Секој ден Македонија и граѓаните се подалеку од темното минато на ВМРО-ДПМНЕ и се поблиску до членство во ЕУ и НАТО, до светла и сигурна иднина – велат од СДСМ и порачуваат:

Македонија оди напред кон иднината и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...