Не сакале да го напуштат казиното, се степале со обезбедувањето

528

 

На 15.12.2018 година во 04:15 часот Е.Р.(38) од Скопје, вработен во Агенција за обезбедување пријавил дека околу 04:10 часот, додека бил на своето работно место во казино лоцирано на булевар „Кузман Јосифовски Питу”во Скопје бил физички нападнат од страна на неколку машки лица. Причина за физичкиот напад е тоа што Е.Р. им укажал на лицата да го напуштат објектот бидејќи треба да се затвора, но истите одбиле. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...