Aктивирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Со две големи специјални возила за расчистување снег на големи улици и три помали возила – „соларки” за чистење на тротоари и помали улици, општината е подготвена да делува при поројни врнежи на дожд и снег – информираа денеска од општината Центар.
Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег
– Службите на општината продолжуваат будно да ја следат состојбата, а граѓаните доколку забележат промена на терен и штети, можат за да го известат Кризниот штаб на општината – стои во соопштението.