Македонија може да иновира производи според нано-технологии

412

Македонија го има приматот од земјите во регионот со производи според најсовремената, нано-технологија, за градежништвото и заштитата на енергијата во објектите. За три години, Фондот за иновации, во два наврата поддржа проекти за производство според нано-технологиите за овие области.

Според прилепскиот бизнисмен Јандре Здравески, чија фирма ги произведува двата намаза, за фасади, ѕидови и за стакло и првично се пласираат во неколку европски земји: Швајцарија, Италија, Хрватска, наскоро и во Пакистан, Македонија има знаење и може да се носи со стручњаците од земјите-лидери во нано техмнологиите.

– Два производа се по нано технологии кои ги избра финансиски да ги поддржи Фондот за иновации на Македонија. Едната иновација е во 2015 година, а втората е годинава. Овие два проекта по нано технолигија, чија намена им е за енергетска ефикасност, со нивната употреба може да се заштеди до 30 насто од потрошувачката на енергија во домот и воопшто во објектите. Ваков тип на технологии во Македонија не се произведуваат, ниту пак, пошироко во регионот. Со експерти од светот се создадени овие производи. Наскоро ќе се најдат низ цела Европа и во светот – вели Здравески.

Кога е во прашање енергијата, светот покажува дека сака да има континуирана енергија, автономна, чиста, евтина и да има неисцрпна моќ. Такви видови енергии може да бидат произведени, користени, складирани или штедени. Новиот закон во Македонија за заштита на објектите од пожари, бара нов вид изолација. Ќе се работи на производ што ќе штити од пожари. Лидери во нано технологиите во светот се САД, Кина, Јапонија, Иран, Русија. Македонија не треба да заостанува на ова поле, доколку има желба и сака да вложува во овие проекти. Најбитна е домашната поддршка.

 – Македонските млади кадри и експерти, може рамо до рамо да се носат со тие светски лидери. Македонија има стручност и може, доколку сака, да се носи со новите предизвици. За развојот на овие технологии, нам ни треба повеќе домашна поддршка, отколку од странство. Затоа е битна финасиската поддршка од Фондот за иновации – објаснува Здравески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...