Сопственикот на „Еуробус“: Автобусот е од 2006 година и ги поминувал техничките прегледи

1112
foto rts

Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус“.  Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.

Сопственикот на „Еуробус“ Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006 година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Како што Плусинфо веќе објави, во несреќата загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.

Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...