Маж и две жени загинаа во несреќата на струшки „Еуробус“ кај Лесковац

853

Маж и две жени загинаа во сообраќајната несреќа близу Лесковац во која се преврте автобус со македонски регистерски таблички, јавија српски медиуми, пренесе МИА.

Во тек е идентификација на жртвите.

Несреќата се случила ноќеска во 1 часоти 40 минути, како што веќе објави Плусинфо.

Автобусот е на компанијата „Еуробус“ од Струга, како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК, но на телефонот што стои за контакт на нејзиниот вебсајт утрово никој не одговара. „Еуробус“ има посебна линија од Струга за Виена, но вчера појдовна станица била од Битола во 19 часот, а автобусот поминал во 19.30 во Прилеп, потврдиле за порталот  од автобуските станици во Битола и Прилеп.

Оттаму не знаат дали и колку патници имало. Неофицијално, едниот возач е од Битола.

Во несреќата четворица патници се здобиле со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш, додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија во болницата во Лесковац, а еден е на Ортопедија.

Останатите 23 патници се со полесни повреди, а вкупно се повредени 32 лица.

Од македонското МНР сѐ уште нема никакви официјални информации за несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...