Малолетник бил нападнат во автобус на ЈСП

352

Четиринаесетгодишно момче вчера било нападнато од малолетни лица во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 2. Нападот се случил околу 16 часот на булеварот Александар Македонски во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, случајот во полиција синоќа го пријавила мајката на момчето, К.Ј.(37) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...