Спасовски ги посети идните специјалци ВИДЕО

597

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и дел од  раководството на МВР денеска на Пониква ги посетија полициските службеници кои ја реализираат селективната обука за прием во Единицата за специјални задачи. Полициските службеници ги презентираа стекнатите професионални знаења.

– Да се биде припадник на ваква елитна единица не е едноставна работа. Овие луѓе се најдобри меѓу најдобрите. Зад нив стојат поминати месеци и години напорен тренинг, исклучителна ментална и физичка подготовка и искуство од многубројни извршени сложени безбедносни задачи – рече Спасовски.

Спасовски посочи дека тимската работа и професионалноста се главни одлики на Специјалната единица.

– Затоа со право може да се гордееме со припадниците на оваа елитна единица на МВР. Јас и моите соработници, свесни за важноста и улогата на припадниците на оваа единица, правиме се во рамки на законските и финансиски можности за да ви овозможиме што е можно поквалитетни услови за работа. На вас, останува – своето знаење, вештини, професионална етичност и интегритет да ги вложите во името на законите – со цел заедно да изградиме полиција со која што ќе се гордеат граѓаните – истакна министерот за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...