Кај петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид во средата во Германија беше извршена трансплантација на коскена срцевина, објави Слободен печат.
Според информациите од нејзиното семејство, Сара се чувствува добро.
– На 12 декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина – информира Горан, таткото на Сара.
Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.
Во име на целото семејство, тој уште еднаш исппрати голема благодарност до сите добри и хумани луѓе кои преку донации овозможија Сара да се лекува.