Момче од Скопје вчера во 09.10 часот пријавил дека избувнал пожар неколку минути откако ја распалил скарата во угостителски објект лоциран на улица Бранко Заревски во скопско Драчево, сопственост на неговиот татко.
Во пожарот, опожарен е оџакот и дел од кровната конструкција од објектот.
Пожарот е локализиран и изгаснат во 09.30 часот, повредени нема.