Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 21 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатна рампа Градско.
– Сообраќајката е на место каде се изведуваат градежни работи на автопатот. Возило удрило во столб за пренасочување на сообраќајот поставен поради градежни работи на автопатот. Нема повредени, аувидот е во тек – изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.