Она типче наречено „нинџа“, тоа де, од пред некоја ден што сведочеше во судница за сите ујдурми, сплетки и лудила, за сето она што планираа да ни го направат, колку што разбирам – државата прилично се потресе, не затоа што овој „еманципираше“, туку затоа што кажа очигледни вистини кои повторно ни ги потврдија старите сомнежи: не бевме луди сите овие години, знаевме точно каде се наоѓа злото и како тоа работи, само што нашиот глас премногу слабо одекнуваше бидејќи бевме од спротивната страна на тоа гломазно и колективно лудило.
Дали се работи за некаков „хепиенд“ во кој негативецот дотураше вода на маслото? Не би сакал премногу да брзам: и многу покрупни риби знаеле вешто да се изгубат во лавиринтите на македонското правосудство, особено ако имате адекватно покровителство. Што, да речеме, ако во полн налет на јуриш завладеат оние – иначе ликови од сите високи општествени места, големоистакнати комуналци, капиталци, легалисти и „легокоцкијалисти“ – кои прават исто што прави и типчето „нинџа“ (чие име го знам, ама не го изговарам затоа што е достојно за презир, а не за медиумска афирмација).
Стари „добри“ времиња
Нели помислувате дека сведоштвото на типчето „нинџа“ ќе го разводни неговиот грев и прекрши приближувајќи го до еден чуден вид неконвенционално исполнување на благодарноста? Ако биде така, а колку што гледаме дека најчесто и така бидува, немој да паѓате во несвест од штетното и задоцнето згрозување: не е секогаш скандалозното истовремено и нелогично. Не овде, не сега, не во вакво секојдневно културно насилство затруено од опкружувањето.
Јебига, ќе влезе човек во четврта деценија, па некако му се присторува дека сè што беше порано беше подобро, тогаш кога бевме млади, а и подобри како луѓе, веројатно. Па, сепак, не секоја носталгија е така ирационална работа, не дека не може во себе да содржи зрно разумност.
Се думам овие денови придржувајќи се на оние времиња кога битангата беше само битанга и кога во тоа – да се биде битанга – немаше ништо возвишено, романтично и мисионерско. Сите вие, сигурен сум, се сеќавате на тие денови, се таложеше и во минатите времиња разно ѓубре низ нашите градови, некои ларпурлартистички толчеа минувачи по улици, другите продаваа цигари, трети вознемируваа туѓи девојки, четврти, богами, кршеа автомобили или провалуваа во банки, ама секој еден како да си работеше за свој грош, па уште и анонимно, криејќи се или барем не очекувајќи „широко општествено признание“, да речеме орден или национална пензија. Всушност, битанги има секогаш и секаде, таквите се совршено неуништливи, како гомненца – таа лекција за навек ја научивме – па мора и некако да се научи да се живее со тоа. Затоа никаде и никогаш не беше проблемот во општествениот талог „како таков“, затоа што може да се толерира и поднесе додека се држи до својот жанр.
Оние што се прават наудрени
Вистинските времиња на зло, кои нашите животи ги растурија на парчиња се оние властољупци, заслепени господари oд уличниот шљам кои пружија илузија на многуважност, одбраност во елитниот браник на татковината, нацијата, верата или на некој сличен тотем, и така го регрутираа за да им биде преторијанска гарда, во овој или оној облик.
А што се случува кога никој и ништо преку ноќ ќе набабри до монументални димензии, што се случува кога ќе ја трансцендира својата ништожност во замена за исполнувачкото чувство на „мисија“? И како е можно или како е можно толку длабоко да пропаднеме како општество кога еден социјален дегенерик одеднаш ќе ја „зашлајфува“ нацијата дека токму тој е повикан од некоја „виша сила“ да дели лекции, да се заканува, па дури и да сведочи (слушај, „сведочи“!); на крајот на краиштата да чини насилство кон бескрајно подобрите од него, повредните, па и почеститите од себе.
Празноглави ќелавковци, патолошки фудбалски разбојници, навалентни и „вајолентни“ надрицрковници, фрустрирани анти-геј мастурбанти: сè се тоа различни имиња за она кое се „разгаќило“ и разгаламило наоколу, тоа кое се влечка низ нашите улици како потсетник дека ѓаволот никогаш не спие, туку внимателно „на историјата деца и прави“, а децата горделиви и среќни што на својот татко личат.
А, сепак, тој „нинџа“ не е најлошото од сите светови. Најлошите се оние кои се прават наудрени, невешти и чукнати, оние кои нема да го видат Ѓаволот и кога овој би им се покажал дури и со опашка, рогови и канџи, смрдејќи на сулфур. Е, како што ви реков, таквите „слепци“ се најлоши.