Седнав да подготвувам нова книга колумни и знаете ли што ми остави најсилен впечаток додека ги листав тие материјали што за прв пат беа објавувани во „Слободен печат“ меѓу ноември 2016 и крајот на 2018?
Промените во Македонија и разбирањето на тие промени, се пребавни во однос на промените во светот, во сите сфери, од геополитиката, до екологијата и филозофијата, односно културата на животот.
Меј преживеа, но не се знае дали ќе преживее и во каква форма Брегзитот, Макрон се соочува со драматична ескалација на социјалното незадоволство, Меркел ја отстапи челната функција во партијата и најави повлекување од канцеларската позиција, Орбан прави од Унгарија логор за бандити и злосторници, Вучиќ не дозвољава да ико каже да је Србија мала и без Косова, а ние си ги тераме уставните промени според сите процедури кои водат потекло од времето кога светот не беше вака драматично забрзан.
Идентитетот не бара гаранции
Светот бара, но не ни остава време да бидеме пристојни и културни, да не би возот на иднината да не остави на селската станица, внатре, пак, имаме инсталации на злосторничката организација на вмро-дпмне кои ништо друго и не работат, освен што не тераат да сереме, мочаме и пиеме на провинциската станица додека возот не замине на запад.
Отсекогаш сме обожавале да го промашуваме моментот. Идентитетот ни е даден за да можеме да се утепаме со него. Техничките детали од Преспанскиот договор се перфектни, но еве ги таканаречените патриоти, бараат нови гаранции, а други дури бараат целиот договор да се отфрли во името на идентитетот или на гаранции за идентитетот. Тоа е како да барате гаранции дека на крајот на денот нема да се стемни, или дека Рангелова нема да добие менструација или дека Кара Ками Шева ќе изгледа како Мерлин Монро кога следниот пат ќе се појави на некоја телевизија. Или дека Тричковски нема да се начука ако испие три литри ракија. Тоа може да го прави само искомплексирана нација која решила да прави будала од себе со исклучок на оние кои многу добро знаат дека приказната за идентитетот и меч со кој ќе му ја отсечат главата на Македонецот.
Да заклучиме: не постојат гаранции за идентитетот, идентитетот или го има или го нема, тој е прашање на личноста и на културата и општествениот амбиент, а не на нормативни решенија, можете на Уставот да напишете Устав за заштита на македонскиот идентитет и освен цунами од смеа и заебанции, нема да добиете ништо. А можете да напишете дека со Уставот се штити инуитскиот идентитет и пак нема да добиете ништо, прво затоа што Инуитите ги боли курот за вашите решенија, а второ, затоа што од Македонците не можете да направите Инуити, таман да ги фатите сите фоки на Арктикот. Не можете бре Бугари да ги направите, нели пак Инуити, макар што ако Каракачанов инсистира, можеме да размислиме за таа опција.
Најцрна темница
И во другите области Македонците бараа невозможни работи. Да речеме бараат чист воздух ама да си ги задржат старите крнтии, биле многу сиромашни па немале пари да си купат нови, бараат чист воздух ама да продолжат да се греат на загадена дограма, гуми и стари акумулатори, бараат да се намалат даноците и јавната потрошувачка, ама да не се отпушти ниту еден од стоте милиони административци, бараат чистота и ред во Клинички центар, ама сите да можат со коли да влегуваат во операционите сали на зафати и на посети на болните со отворен череп, бараат да бидат нормална нација, ама сите да бидат ВМРО, а како ќе бидеш ВМРО ако немаш ниту едно ќосе што ќе се погрижи за лидерот што пребега со целокупното национално богатство. Заев бил црна темница, но замислете што нè очекува ако Жмицко во таа темница црна што поцрна не може да биде, се дофати до штекерот и му го запали светлото на Македонецот.
Луда работа.
Мораме да разбереме дека на светскиот автопат не можеме да се движиме како коњска запрега натоварена со картони и пластични шишиња. Некои автомобили ќе не одминуваат, но некој шлепер нема да може да закочи. Мораме по секоја цена да се забрзаме самите себе.