Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на 19 декември ќе организира состанок со лидерите на Западен Балкан, најави Европска комисија.
На средбата предвидено е да учествуваат премиерите на Македонија и на Босна и Херцеговина, Зоран Заев и Денис Звиздиќ, како и претседателите на Србија, на Црна Гора и на Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи.
Се уште не е потврдено дали на состанокот во Брисел ќе присуствува албанскиот премиер Еди Рама.