Заев, така и си мислевме, дека ќе избегате од ТВ дуел.Човекот кој што го лаже, краде и продава својот народ и својата држава, нормално е да бега од јавно соочување со лидерот на опозицијата, рече Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кукавички, со разноразни изговори, барања Зоран Заев повторно одмолчува и бега од јавно соочување со претседателот, Мицкоски да се соочи пред очите на јавноста и да го каже сето она што го мисли. Ајде господине Заев, бирајте каде сакате, кога сакате, со кој новинар сакате, на кој медиум сакате, прифатете го дуелот и одважете се да излезете на јавното соочување пред очите на јавноста. Не се кријте зад паушални изјави и барања. Таму ќе имате можност се што сакате да им кажете и да им порачате на граѓаните. Ајде, одважи се, осмели се, не биди кукавица, поканата за дуел е отворена и може во секое време да се реализира – вели Арсовски.
Ај