Жител на Волково е приведен откако физички ги нападнал, а потоа со нож им се заканувал на неговите мајка, татко и брат.
Инцидентот се случил ноќеска, околу 2:20 часот во село Волково, кога при семејна расправија, М.Г.(22) физички ги нападнал, а потоа излегол од домот и пред куќата со нож им се заканувал на неговата мајка, татко и брат.
По преземени мерки, од страна на двајца полициски службеници биле испукани куршуми во воздух заради предупредување, по што истиот бил совладан и приведен.
Известен е јавен обвинител, а на М.Г. му е укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош и во Клиника за токсикологија.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.