Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес покажа почит кон ривалот Севиља по ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите.
– Тие се навистина добар тим. Ако ги гледавте против Манчестер Јунајтед, дури и кога водеа со 1:0, тие знаеја дека на Јунајтед му се потребни два гола, но демонстрираа многу добар фудбал. Се уште не можеме да си дозволиме да празнуваме – категоричен беше тренерот.
Хајнкес додаде дека ќе пристапат на анализата на противникот многу сериозно.
– Јас го познавам шпанскиот фудбал многу добро. Знам каква е атмосферата таму и што да очекувам. Треба да сме многу внимателни ако сакаме да ги победиме – смета Хајнкес.
Тренерот на германскиот шампион откри каква била реакцијата и на фудбалерите кога дознале за следниот ривал на турнирот.
– Тимот не падна во еуфорија. Играчите реагираа многу мирно, сеедно како штотуку да испиле по едно пиво – се пошегува Хајнкес.
Фото: EPA/RONALD WITTEK