Заев: Не излегоа мечки во амандманите, уверен сум дека ќе поминат во Собранието

320

Премиерот Зоран Заев изрази уверување дека ќе добие целосна поддршка од пратениците за уставните амандамни и дека процесот ќе се заокружи околу средината на јануари 2019 година.

– Треба да појасниме на сите, да знаат дека не излегоа мечки во амандманите, нема ништо скриено, дебатите се тие. Чесен пристап на имплементација на Договорот од Преспа. Видовте дека имаме инклузивен процес и од албанската заедница. Ја вклучивме целата дијаспора, го зајакнавме македонскиот идентитет. Верувам дека пратениците тоа ќе го поддржат, зашто тие го предлагаа, а претходниот пат не гласаа во Парламентот – истакна Заев.

За најавената оставка на Панос Каменос кога уставните амандмани ќе се изгласаат во македонското Собрание. Заев рече дека има доверба во грчкиот премиер Алескис Ципрас, во грчката Влада, вклучувајќи ја опозицијата, како и во грчкиот народ.

– Имам доверба и во Каменос кој е исто така дел од Владата. Треба да дадат шанса на еден ваков историски договор зашто договорот е добар за двете земји, за двата народа. Верувам дека бенефитите ќе се видат во следните месеци од неговата имплементација. Јас сум убеден дека довербата што ја имам во Алексис Ципрас ќе биде имплементирана во Парламентот како што јас се трудам довербата што Ципрас ја има во мене и кон македонската Влада да биде имплементирана во Собранието. Сериозен и суштествен е процесот кај нас. Ниту јас како упатен човек не можам да гарантирам дека ќе успее македонскиот Парламент, но тоа што можеме да го направиме, го правиме и ќе продолжиме да го правиме, е максимлано инклузивен процес што успешно ќе заврши кон средината на јануари. На деветти јануари е закажана пленарната седница, а за не повеќе од десет дена, околу средината на јануари, верувам дека ќе успееме да ги изгласаме конечните амандамни – потенцира  Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...