Брутално убиена Американка која студирала во Холандија (ВИДЕО)

705
ФОТО: Принтскрин / Фокс9

Американка која студирала во Холандија била избодена до смрт во својата соба. Универзитетот Еразмус во Ротердам потврдил дека 21-годишната Сара Папенхем била убиена во своето живеалиште близу кампусот.

Уапсен бил 23-годишник од Ротердам. Тој ја познавал жртвата бидејќи живееле во ист блок.

Папенехм студирала психологија на универзитетот две години. Таа обожавала тапани и често имала свирки додека била во Америка.

Универзитетот бил шокиран поради нејзиното убиство, пренесува „Фокс9“.

Истрагата се уште е во тек.

ФОТО: Принтскрин / Фокс9

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...