Во Кривичниот суд во Скопје, денеска се презентираат дополнителни докази на обвинителството за случајот 27 април, меѓу кои и пораки добиени при вештачењето на телефонот на Јохан Тарчуловски. Според тоа, обвинетиот пратеник Сашо Василевски, во Вибер порака на 12 април испратил порака околу 9 часот во која им посакува добро утро на членовите на групата и им пишува да не носеле вратоврски во Собранието, пренесува МКД.мк.
Пораката што била испратена од Василевски, а која денес пред судот ја презентираше обвинителката Ивана Трајчева е со содржина: „Добро утро за сите, за колегите ќе е подобро денеска да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет“.
На ова Димитар Стевананџија по 10 минути му возвраќа со порака: „Саше, добро е да имаш подолга и да ја фрлаш како ласо. Навежбај се“.