Монструмот од Босна кој си ги закла децата: Тато е единствениот пријател кој те чува до крајот на животот

1112
ФОТО: Принтскрин / Курир.рс

Таткото од Босна и Херцеговина, кој синоќа си ги заклал трите деца, за денот на татковците напишал на Фејсбук „Тато е единствениот пријател кој те чува до крајот на животот“.

– Ете како ги чуваше, подобро да ги чуваше ѓаволот, помалку ќе патеа – напишало изреволтирано лице.

За точно седум дена, неговата ќерка требало да наполни шест години, пренесува „Курир.рс“.

Тој наводно ја молел сопругата да се врати, но таа не сакала, па затоа тој ги извршил убиствата, па си пресудил себеси.

– Ми беше жал што некои луѓе си заминаа од мојот живот без причина, сега ми е жал што не си заминале порано – напишал тој на 23 ноември.

Веројатно тоа било порака до сопругата, бидејќи три дена подоцна тој објавил дека бара жена за чување деца и дека плаќа по договор.

ФОТО: Принтскрин / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...