Изразуваме длабока загриженост што во самото Обвинителство имаше разлики што се однесува на одлуката за преквалификација на делото од убиство во друго кривично дело и бараме итно адресирање на нашата загриженост, соопшти ДУИ од состанокот на Централното претседателство за случајот на малиот Алмир.
„Во пресрет на најавените реформи за реформирање на судскиот систем сметаме дека ова дејствување не придонесува во овој правец, несакајки да се мешаме и да преудицираме во начинот на читање на фактите. Строго го осудуваме скандалозното и нечовечно однесување кое се виде вчера од обвинетиот“, стои во соопштението.
Партијата апелира судските органи да го зајакнат правниот поредок и владеењето на правото.