Голема операција на француската полиција од попладнево се одвива во квартот Нојдорф во Стразбур.
Француските полицајци се во потера по Шериф Шекат, кој пред два дена уби тројца и рани 12 лица во терористички напад. Полицијата го бара и неговиот брат.
Специјалците со тешко вооружување ги пребаруваат куќите долж улицата Епинал. Министерот за внатерешни работи , Кристоф Кастане изјави дека станува збор за контроли какви што имало во последните 36 часа и апелира на смиреност кај жителите на населбата.
Шериф Шекат наводно со такси пристигнал во квартот Нојдорф по престрелката во вторникот вечерта. По судирот со полицијата му се губи трагот.