Планот за чист воздух, кој неодамна го донесе Владата ги следи истите правци и компоненти како Полска, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули по средбата со помошникот државeн секретар во Министерството за животна средина на Република Полска, Славомир Мазурек на Светската конференција за климатски промени – СОР 24.
– На состанокот беше договорено во рамки на ЕУ механизмите за поддршка, учество на експерти од Полска, во обезбедување на дополнителни механизми, со цел поуспешна имплементација на Планот за чист воздух – вели Макрадулу.
На средбата било изразено обострано задоволство од добиената поддршка за министерската декларација „Оn forest for the climate”, предложена токму од Република Полска.
Разговарано било и за очекувањата и одлуките поврзани со Светската конференција за климатски промени. Во разговорите најголем акцент бил ставен на проблемот со аерозагадувањето.
– Полска има 10-годишна Програма за чист воздух, промовирана од премиерот на државата, која за цел има справување со аерозагадувањето од домаќинствата. Во рамки на таа Програма предвидена е замена на печки за затоплување на домовите, предвидени се субвенции за енергетска ефикасност, како и стимулирање на поврзувањето на центалниот систем за затоплување.
Средствата за реализација на таа Програма се од националниот буџет, ЕУ средства и од поддршката на компаниите, односно од деловната заедница.