По 20 илјади денари за експертите кои подготвија стручен труд за дебатите за уставните амандмани

336

Експертите кои подготвија стручен труд што го презентираа на јавните дебати организирани за нацрт-амандманите на Уставот ќе добијат хонорар во висина од 20 илјади денари.

За нив, како што денеска беше соопштено на прес-конференција од страна на владините портпароли, се обезбедени средства.

– Владата обезбеди хонорар за експертите кои подготвија стручен труд во рамки на јавните дебати. Износот на тој хонорар е 20 илјади денари. На оние на кои им нарачавме да достават експертиза, односно стручен труд. Тие добија хонорар, а не сите учесници – вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...