Бошњаковски: Не се доведува во прашање владината седница меѓу Македонија и Бугарија 

141

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека ни најмалку не се доведува во прашање одржувањето на заедничката владина седница меѓу Македонија и Бугарија по последните изјави на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција, Бошњаковски нагласи дека заедничката владина седница ќе се одржи, но оти се уште не е утврден датумот.

– Се договараат деталите, а датумот во овој момент не е потврден. Дополнително премиерот во понеделник оди во Бугарија на отворање на голем инфраструктурен проект автопатот Благоевград-Кула, што има крак кон Берово. Регионалната соработка не само што зајакнува, напротив ќе се одржи владината седница. Во моментов датумот не е утврден и нема апсолутно никакви дилеми дека седницата ќе се одржи – истакна Бошњаковски.

Владините портпароли денеска на прес-конференција информираат дека се очекува да се одржи и првата заедничка владина седница меѓу Македонија и Србија.  Се очекува утврдување на точниот датум на одржување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...