Ласовска е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

395

Благица Ласовска е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски Секретар за меѓународна соработка одлучи влера Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ласовска беше в.д претседателка откако неодамна Даниела Рангелова си поднесе оставка од претседателка на Унијата на жени.  Ласовска е поранешен претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот Комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието.

Муцунски е докторанд и асистент на правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик министер за информатичко општество и администрација. Тој во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...