Папата Франциско на покана на највисоките државни власти и на Католичката црква, на 7 мај 2019 година ќе дојде во Македонија, при што ќе го посети градот Скопје, родниот град на света Мајка Тереза, потврди денеска владата.
Претходно, како што се вели во соопштението, папата Франциско ќе оствари Апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај, каде ќе ги посети градовите Софија и Раковски.