Триесет и седмата сезона на Срвајвер, насловена како „Давид против Голиат“, завршува наредната недела. Според фановите, оваа сезона важи за една од најдобрите. Кој од шестмината останати ќе стане единствениот преживеан, ќе видиме за седум дена во тричасовното финале.
За титулата и парите се борат Кара Кеј, Анџелина Кили, Алисон Рејболд, Дејви Рикенбакер, Мајк Вајт и Ник Вилсон.
Наредната сезона се очекува да почне во февруари, а имиња на натпреварувачи веќе почнаа да излегуваат во јавноста.
Наводно, продукцијата веќе бара нови лица за учество во 39-та и 40-та сезона од ова популарно американско шоу.
Фото: Survivor CBS