„Мојата порта“ – краток филм на децата од основните училишта во Центар

135

Во Кинотека на Македонија вчера беше премиерата на кусиот аматерски филм „Мојата порта“, производ од неколку месечни интерактивни работилници за изработка на филм, на кои учествуваа ученици од сите основни училишта во Општина Центар.

Работилниците се реализираа во организација на Општината и Киненова, а под менторство на режисерката Марија Џиџева.  Тема на филмот е дијалогот како моќна алатка на родителите, општеството и децата во надминување на насилно однесување.

По проекцијата на „Мојата порта“, беше одржана трибина на истата тема, со цел пронаоѓање на можности и начини за општествено канализирање и разумно надминување на семејни, социјални и општествени конфликти кои доведуваат до насилно однесување.

На трибината, организирана од Киненова и УНИЦЕФ, публиката можеше да ги слушне мислењата, но и да дебатира со говорниците Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во РМ, Јана Белчева Андреевска, претседателка на Советот на Општина Центар, Марија Ралева, психијатар и Радмила Живановиќ, психолог.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...