Откако се затвори големиот ископ кој со недели ја правеше тесно грло улицата Јордан Мијалков, сега со денови улицата стои неасфалтирана, нерамна, со длабоки дупки и повторно го забавува движењето на возилата. Освен тоа се крева и голема прашина и граѓаните стојат во облаци од прашина додека чекаат да се создаде можност да ја преминат улицата.
Ни семафорите не се вратени во функција. Иако на неколку метри подолу е направен алтернативен пешачки премин, граѓаните ја поминуваат улицата на местото на стариот пешачки, затоа што таму им е најпрактично.