Британската премиерка Тереза Меј ја доби довербата на сопартијаците и останува на позицијата.
Со 200 гласа за и 117 против британската премиерка Тереза Меј го „преживеа“ гласањето доверба во нејзината партија.
Таа останува на чело на владејачката Конзервативна партија и местото премиер со тоа што најмалку една година ќе нема можност за повторно изгласување доверба. На гласањето вечерва гласаа сите 317 пратеници.
Сепак големиот број противници на Брегзитот ја ставаат Меј во тешка ситуација, со тоа што ќе треба да го спроведе контроверзниот договор , за кој нема согласност во Парламентот.
Таа изјави дека планира да ја напушти функцијата пред парламентарните избори во 2022 година.