Нимиц: ОН ќе помогнат ако Македонија и Грција имаат потреба од тоа

484

Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу двете држави, изјави медијаторот за спорот со името Метју Нимиц за грчката агенција АНА-МПА, по денешната средба со грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, јави Гласот на Америка.

– Ако и двете страни имаат потреба од моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат, како што процесот се предвижува напред – рече Нимиц.

Тој нагласи дека во изминативе месеци бил во контакт со двете страни.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...