Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протестен марш кој го организираше партијата, го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.
– Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел, па тие нека судат кој е во право. Немој овој пат да се криеш. Избери време, место и медиум. Таму ќе дојдам каде што ти сакаш и ти ќе кажеш – му порача Мицкоски на Заев.