Тамара го роди Дарен

1080

Среќна вест на својот Фејсбук профил објави Тамара Тодевска. Познатата пејачка пред неколку часа го роди синот Дарен.

„Се роди нашиот Дарен. Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на болницата и на нашата докторка. Ви испраќаме безброј бакнежи“, напиша Тамара.

„Радост, станав тетка по втор пат. Добредојде Дарен. Да си жив и здрав и насмеан засекогаш. Те сака тета“, објави на Фејсбук сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...