Експремиерот Никола Груевски повторно го фатија во Будимпешта, Унгарија. Овој пат, тој е „уловен“ од новинарот Барди Балинт од 24.hu, додека бил на ручек во луксузен ресторан.
На видеото може да се виде дека тој во ресторанот седи со уште две други лица. Потоа, како што пренесува 24.hu, нив тој ги остава во ресторанот и заминува со автомобил „фолсваген шаран“ во кој го чека и возач.
„Како избегавте од Македонија?“, „Дали Унгарија ви помогна?“, се прашањата кои новинарот му ги упатува на Груевски кога тој излегува од ресторанот, но тој не му обрнува внимание, се качува во автомобилот и заминува.
Вчера, британскиот новинар Даниел Дан Нолан, пак, објави фотографија од Груевски во центарот на Будимпешта, а во негова близина, како што потврди и Нолан, се наоѓа и Александар Трајковски, поддржувач на Груевски и обвинет од СЈО за „шамарите во Центар“.
Кој е обвинетиот Трајковски, верната сенка на Груевски и во бегство?