Ѓорчев: Целосна амнестија за 27 април без политички условувања и уцени

362

За денешните најави за Предлог-закон за амнестија, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изјави дека нивниот став е принципиелен и дека треба да има целосна амнестија за настаните од 27 април лани во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на ова тело, затоа што, според него, станува збор за политички пазарења поврзани со уставното име Република Македонија.

– Нашиот став е принципиелен, а тоа е дека треба да има амнестија за целиот настан за да нема политички условувања, уцени и перипетии и сето она што го имаме сега зад затворени врати, а очигледно е дека се случуваат непринципиелни работи и дека има се, многу политика, многу пазарења, освен право – рече Ѓорчев одговарајќи на новинарско прашање.

Не одговори дали оваа партија ќе поднесе амандмани на нацрт-амдманите на Уставот, и повтори дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија треба да го задржи уставното име, дека не треба да има промена на Уставот.

-Со жалење мораме да констатираме дека сите предлози што ние ги имаме се отфрлаат. На референдумот 70 отсто од граѓаните останаа дома – рече Ѓорчев, кој повтори дека власта нема слух да го расчисти полнењето на кутиите. Според него, постапката е прилично компромитирана, не е поддржана од народот, а власта сета оваа работа ја турка на мускули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...