И специјализантите по максилофацијална хирургија реагираат дека за нивниот ангажман не добиле никаков надомест од Министерството за здравство.
– Ветувањата од септември уште не се остварени, а вчера другите 40 специјализанти веќе потпишале договори за ретроактивна исплата на средства. Имаме колеги, тоа се четворица специјализанти кои и по пет години специјализација на максилофацијална хирургија, немаат земено никаков надомест од Министерството за здравство – се пожалија денеска овие специјализанти пред Министерството за здравство.