Манекенката Гизел Бундсен вели дека нејзиниот сопруг Том Брејди прави неверојатни вафли.
– Тој ми вели „Не можам да ти ја кажам тајната, ако ти кажам, повеќе нема да ти требам“. Има некој таен рецепт, но никогаш го немам видено што прави затоа што не ми дозволува. Неговите вафли се превкусни. Не можам да престанам да јадам – рекла манекенката.
Таа го изјавила ова во шоуто на Елен, каде ги отфрлила критиките дека ја напушта модната писта, пренесува „E! News“.
– Никогаш не сум работела повеќе од сега. Мислам дека ќе се повлечам кога ќе умрам, си ја сакам работата. Сакам да креирам. Сметам дека затоа сме тука, да креираме и да учиме – додала таа.
Триесет и осумгодишната Бундсен кажала дека Брејди е лош во мулти-таскинг.
– Тој може да прави само една работа, а не две или повеќе истовремено – се насмеала Бундсен.
ФОТО: Инстаграм