Уапсени четворица скопјани, дома им нашле оружје и марихуана

169

Единицата за недозволена трговија на СВР Скопје вчера извршила претреси во домовите на неколку лица од градот со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

При претресите се пронајдени и одземени предмети што се дадени на вештачење, додека лицата се приведени во полициска станица.

Како што соопшти денеска МВР, во домот кај Г.Ј.(41) пронајден и одземен е пиштол и рамка со куршуми, а кај Д.К.(27) пронајдени се куршуми, рамка и експлозивна направа. Кај Н.А.(22) пронајдени се девет пакувања со марихуана и вага и кај лицето М.Ј.(26) пронајдени се две пакувања со марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје постапувала по издадени наредби од Основен Суд Скопје 1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...