Британскиот новинар Даниел Ден Нолан е човекот кој на Твитер ја објави фотографијата од поранешниот премиер Никола Груевски во центарот на Скопје.
Тој споделувајќи ја напиша: „Го фатив жив! Бегалецот експремиер Никола Груевски забележан во Будимпеша“.
Објавата од Нолан е всушност единствената потврда за автентичноста на фотографијата. Тој важи за искусен новинар кој соработува со повеќе светски познати медиуми, меѓу кои „Гардијан“ и „Дејли телеграф“.
Истиот новинар, вчера за Канал 5 ТВ, потврдил и дека лицето кое се забележува во близина на Груевски е Александар Трајковски, советник во Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ кој задно со експремиерот е обвинет за „Насилството во Центар“.