Пакет закони од судството на владина седница

87

Владата на денешнтата седница ќе расправа за пакет закони предложени од Министерството за правда. Министрите ќе одлучуваат за предлог – законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на законот за судовите, законот за Судскиот совет, законот за извршување на санкциите и за предлог – законот за изменување и дополнување на законот за прекршоци.

Владата ќе ја разгледа и информацијата за потребата од донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги.

За седницата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја предлага информацијата за распишување на јавен повик за прибирање на понуди за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари, со предлог – решение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...