Нетфликс наскоро ќе излезе со документарец за Авичи, осум месеци откако диџејот почина на 28-годишна возраст. Фановите коментираат дека според трејлерот, ќе биде срцепарателно дело.
Авичи, чие вистинско име е Тим Берглинг, може да се види како вели:
– Немаше крај на шоуто, дури и кога ќе удрев во ѕид. Стресот е дел од мојот живот.
На крајот на филмот тој вели дека е толку тешко што „ќе ме убие“.
Дури и неговиот менаџер, Аш Порнури вели дека „Тим ќе умре“.
– Со сите овие интервјуа, гостување на радио и играње. Ќе заврши мртов – вели тој.
Во април телото на диџејот беше пронајдено во Оман. Потоа ТМЗ пренесе дека се работи за самоубиство. Во еден кадар неговите родители велат „не можеше да продолжи понатаму“.
Според кадрите, Авичи се борел со притисокот да биде успешен за да го обезбеди финансиски својот тим. Тој посегнал по алкохолот за да му помогне да го удави стресот додека е на сцена.
– Ако не пијам, станувам се понервозен пред да започне шоуто – вели тој.
Во 2012, тој беше во болница 11 дена поради проблеми со здравјето, предизвикани од неконтролирано пиење, пренесува „Космополитан“.
Еден од неговите пријатели го опишува како „бомба која во секој момент ќе експлодира“.
Најпрво било планирано финалната сцена да биде како диџејот се релаксира на плажа во Мадагаскар. Поради неговата трагична смрт, според режисерот, сега изгледало како „морбидна лага“.