Познатиот унгарски новинар Даниеле Ноланд на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се гледа како поранешниот македонски премиер Никола Груевски се шета во центарот на Будимпешта.
Ексклузивно Канал 5 дознава дека таа е автентична и е направена меѓу улиците Кирали и Анкер Коз.
Канал 5 го контактираше Ноланд кој не сакаше да открие кој ја направи фотографијата, но потврди дека другото лице е Александар Трајковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.
Во прилог на тоа оди и профилната фотографија која Трајковски ја има на неговио Фејсбук, каде што тој е облечен во зимска јакна која е практично идентична со таа што ја носи на фотографијата со експремиерот.