Желбата за вистина посилна од хендикеп

222

Пред две години за време на „Шарената револуција“ фотографот Кирил Михаилов со својот апарат доловил несекојдневна слика на „Зелено пазарче“, односно го фотографирал дедото Борис Трајковски којшто на 82 години со едно око со лупа читал „Слободен печат“, додека другото око му беше повредено, пишува „Цивил медиа“.

„Кога ми кажа дека се вика како нашиот покоен претседател мислев дека се шегува, меѓутоа тој навистина се викаше Борис Трајковски. Го прашав зошто чита весник со лупа кога едното око му е повредено, тој ми одговори „Читам за да се информирам“. Тој не им веруваше на вестите што ги гледаше на телевизија, и ме замоли доколку ги објавам некогаш фотографиите во некој медиум тоа да не биде во Сител“, вели фотографот Михаилов.

Поминаа две години откако фотографот Михаилов го сликал дедото Трајковски како чита весник и посакал да му ги даде фотографиите, меѓутоа за жал тој починал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...