Туре доби отказ од Олимпијакос по само три месеци

190
Јаја Туре, кој беше еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, на крајот од неговата кариера не е доволно добар за грчкиот шампионат.
Поранешниот играч на Манчестер Сите беше отпуштен од Олимпијакос по само три месеци минати во клубот од Пиреја. Тој во Пиреја настапуваше и во сезоната 2005-2006 година, каде одигра 20 натпревари, пред да се пресели во Монако.
Тренерот Педро Мартинс на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска најчесто му даваше шанса од клупата, а само во пет натпревари, тој одигра околу 220 минути фудбал.
Јаја Туре не покажа посебна форма, a како што пишуваат грчките весници, една од причините за тоа може да биде вишокот килограми. Туре играше и за Беверен, Металург Доњецк, Монако и Барселона.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...