Четворица обвинители бараат Илиќ да одговара за убиство на Алмир

804

Преквалификувањето на делото во случајот со малиот Алмир од убиство во тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е направена повреда на основните начела на законот за јавно обвинителство, како што се начелата на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот, реагираат четворица јавни обвинители.

Реакцијата на обвинителите Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта доаѓа откако вчера на рочиштето за завршните зборови во судот во Куманово, обвинителката направи преквалификација на делото во случајот што се води за смртта на четиригодишниот Алмир кој беше прегазен пред кумановскиот Здравствен дом. По овој пресврт, обвинетиот Бобан Илиќ излезе од притвор.

„Ние јавните обвинители во Јавното обвинителство на РМ уште од почетокот при реферирањето по овој случај во ЈОРМ сме имале став и остануване на тој став дека обвинителниот акт од 19.12.2016 кореспондира во целост со дејствијата на обвинетиот кој бил првично обвинет за кривичното дело убиство. Ваквиот наш стручен став е образложен и на одржаните колегиуми во ЈОРМ во врска со овој настан“, пишува во реакцијата на четворицата обвинители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...