Блокади и бројно полициско обезбедување секојдневно во центарот на градот го пренасочува сообраќајот кон околните улици од Парламентот, каде се закажани протестите за одбрана на името.
Нервозни возачи и пешаци, свирежи од возилата, навредливи зборови, хаос по најфреквентните раскрсници во Скопје е секојдневната слика, особено во „шпицот“ попладне.
Апсурдот над апсурдите е во тоа што каде што се блокадите и полицајците, нема демонстранти, што го засилува хаосот и бесот на граѓаните, на кои единствено им е блокирано нормалното функционирање.