Дрвореди од јавори и јасени ќе го красат Сарај

180

На потегот од мостот на реката Вардар во Сарај до раскрсницата кај Езеро Треска се подигаат нови дрвореди, во кои ќе бидат засадени над 300 висококвалитетни садници од видовите јасен и јавор.

„Веќе засадивме 100 садници, а во наредните денови ќе бидат засадени уште 200 садници. Оваа есен фокусот го ставаме на обновување на сите постојни дрвореди на територијата на градот и на подигање нови. Во изминатиов период подигнавме нов дрворед на Бит-пазар, а реконструиравме голем број постојни дрвореди кои беа уништени поради нерационалноста на претходната градска власт“, велат градските власти.

Речиси 500 пенушки на градските сообраќајници оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници.

– Новите садници во дрворедите ќе бидат засадени внимателно, грижливо, со автентични видови какви што претходно имало на истото место – рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Оваа есен екипите на Град Скопје ќе засадат 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации, и во сите скопски општини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...