Надзор над АКМИС системот ќе биде вршен и следната година и ќе бидат опфатени нови судови, но и дел од оние каде беа утврдени неправилности. Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека надзорот над АКМИСот останува стратешка определба на Владата.
– Овој месец донесов решение за надзор над АКМИС-от во 16 судови кој ќе се спроведува во текот на 2019 година. Комисијата која во изминатиот период направи увид, најверојатнио сега ќе врши надзор со тоа што сега опфатени се и нови судови, како и дел од судовите кај кои беше извршен надзор, а кај кои беа забележани недостатоци. Се врши повторен надзор за да видиме дали имаме усогласување. Континуираниот надзор над АКМИС-от е стратешка определба која е влезена во програмата на Владата и Министерството за правда и ќе почнеме да го реализираме веќе од јануари – изјави Дескоска.